Илјадници евра за агенции за вештачење, се перат ли народните пари преку СЈО и фирми блиски до СДСМ?

Поврзани вести

Според информации кои кружат во јавноста СЈО испумпува огромни суми на пари на име договорни услуги за договори за вештачење со фирмата ЕОС, чиј претставник во Република Македонија е Димитар Бузлевски, поранешен министер за транспорт и врски во владите на СДСМ. Несфатливо е зошто СЈО за вештачење најмува странска фирма, иако за неколкукратно пониски цени може да ги добие вештачењата од домашни фирми и вештаци.

Над 3,7 милиони евра, народни пари предвидени се за СЈО во најгломазниот буџет во историјата на Република Македонија. Но она што најмногу привлекува внимание е ставката договорни услуги која останува непроменета и се повторува во двата буџети. Буџетот за оваа ставка завзема речиси 56 % од целокупниот буџет на ова обвинителство или 129 милиони денари или околу 2 милиони евра, што фрла сомнеж врз нивната работа, зошто ова се услуги кои не одат на тендер и кои органот ги обезбедува од надворешни правни и физички лица.
Според информации блиски до СЈО дознаваме дека најголем дел од парите од буџетот на СЈО завршуваат за плаќање на договорни услуги за вештачење спрема странската компанија ЕОС, чиј управител во Република Македонија е Димитар Бузлевски, поранешен министер за транспорт од СДСМ.

Симптоматично е тоа што СЈО ги најмува услугите на ЕОС на Бузлевски која е странска компанија, иако во Република Македонија постојат вештаци и друштва за вештачење кое можат истото да го прават. Исплатата на услугите кои ги дава ЕОС одат кон странство, со што се отвара сомнеж дали станува збор за перење на пари во непознати дестинации ширум светот.

Иако до сега се направени обиди официјално да се дознае кој, што, како и на каков начин ги добива овие пари СЈО одбива да одговори под изговор дека на тој начин се нарушува приватноста на граѓаните на Република Македонија. Она што е симптоматично е дека Јавното обвинителство на Република Македонија кое неколкукратно поголемо по обем, по предмети како и по комплексноста на водењето на постапките до сега нема одвоено ниту еден денар под ставката договорни услуги. Ова го потврди обвинителката од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција Лидија Раичев

– “ Јас колку што знам во Јавното обвинителство такви договорни услуги не се склучени. Можеби грешам но јас немам користено иако да ви кажам имаме огромна потреба од тоа, од стручњаци од странски компании од секакви видови на вештаци но можности за тоа не постојат ниту се користени до сега“ вели Раичев

Иако буџетот што го трошат е енормен без тендери и без да има увид некој во тоа каде се одлеваат државните пари сепак од СЈО и покрај интересот на јавноста тие сметаат дека како се трошат тие пари треба да биде под превезот на тајната.

Освен тоа што СЈО троши на договорни услуги тие трошат на авторски договори во вредност од 2,8 милиони денари или 45 илјади евра. Како што новата власт се обидува да се наметне некој привид на транспарентно и отчетно работење а тоа беше еден од ветувањата што од уста не ги вадеше сегашниот премиер Зоран Заев, СЈО секоја година ја чини оваа држава и граѓаните на Република Македонија речиси по 4 милиони евра.

Се поставува прашањето дали некогаш ќе дознаме каде и во чии џебови завршуваат милионските суми кои се одвојуваат за ова обвинителство. Граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината а институциите се на потег во потрага по таа вистина.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top