Јавна набавка во висина од скоро 4 милиони денари за кекси

Поврзани вести

Според огласот на кој може да се види електронскиот систем за јавни набавки, Министерството за Одбрана има потреба од набавка вредна скоро 4 милиони денари  на кекси.

Односно:

oвесни кекси со чоколадни парчиња

oвесни кекси со мед и суво грозје

кекси со чоколадни парчиња

кекси со интегрално пченично брашно со какао

кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на портокал

кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на вишна.

Поединечно, за овесни кекси со чоколадни парчиња се предвидени 633.333,33 денари, за овесни кекси со мед и суво грозје 633.333,33 денари, за кекси со чоколадни парчиња 550.000,00 денари, за кекси со какао и чоколадни парчиња 550.000,00 денари, за кекси со интегрално пченично брашно 785.714,29 денари, за кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на портокал 428.571,43 денари и за кекси со овошно желе со чоколаден прелив и вкус на вишна 428.571,43 денари.

Според објавата за јавни набавки, најповолна понуда дала фиирмата „ДАУТИ КОМЕРЦ“ Друштво за производство, промет и услуги увоз-извоз АД село Бојане, но конечната одлука се’уште не е донесена.

Огласот е објавен на 26 септември, годинава, а краен рок за понуди бил 17 октомври, годинава.Договорот со набавувачот треба да биде склучен за период од една година.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top