Јовановски: Судот и правосудните органи се под сериозен притисок на новата власт на СДС, да донесуваат политички нарачани одлуки

Поврзани вести

Судот и правосудните органи во Република Македонија се под сериозен притисок на новата власт на СДС, да донесуваат политички нарачани одлуки. Под овој срамен притисок подлегна Апелациониот суд, и донесе незаконска и скандалозна одлука со која отвара врата за нелегалните прислушкуваните разговори да бидат користени како докази во кривична постапка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Одлуката на Апелација е целосна незаконска и во спротивност на член 12 став 2 од Законот за кривична постапка, кој вели дека доказите прибавени на незаконит начин или со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Република Македонија и мегународните договори не можат да бидат користени како докази во постапка и врз основа на истите не може да се заснова судска одлука. Судиите од апелацискиот суд се ставија во улога на заштита на Заев и неговите штетни политики. Тие донесоа одлука која треба да биде димна завеса од која што се надеваат и тие и СДС дека народот нема да го види штетниот договор со Бугарија, откажувањето од македонското малцинство кај нашиот сосед, опасност од измена на учебници и бришење на македонската историја, истакна Крсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

На судиите од апелација, додаде тој, побитно им беше да се додворат на Зоран Заев и на Красимир Каракачанов и Божидар Димитров, отколку да ги почитуваат законите и правото.

-Судиите плукнаа врз своите дипломи за да одработат за Божидар Димитров да може да оценува какви ќе бидат македонските учебници. Ваков незаконски преседан е невиден во светски рамки. Ваквата незаконскаа одлука е штетна за македонското судство и општество, бидејќи праќа јасна порака дека и законите можат да бидат погазени и заобиколени, кога се работи за притисок од страна на Заев и Катица Јанева. Сите инволвирани во кршењето на законите мора да знаат дека секој оној кој работи против Уставот и законот и ги крши истите за само да му се додвори на Заев ќе сноси одговорност и ќе одговара за своите постапки, кога во Македонија ќе се врати правната држава и принципот на владеење на правото, а тоа ќе биде многу брзо, уште на локаните избори СДС ќе биде поразен и делегитимиран, подвлече Јовановски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top