Југохром непречено ќе го гуши Тетово наредните две години

Поврзани вести

– Изјавите дека со работа може да се започне во март ги сметааме за несериозни. Секоја козметичка импровизација ќе биде неприфатлива. Силно повикуваме на строга инспекција со исполнувањето на сите еколошки стандарди, со нулта толеранција за непочитување на истите. Инаку, одговорот на граѓаните ќе биде суров. Назад не постои, здравјето на граѓаните пред се’, соопштува „Еко герила“.

Владата денес ќе потпише меморандум за разбирање со Југохром, со цел рестартирање на фабриката за феролегурии, иако не се исполнети еколошките стандарди. Заложбите на новата влада за чиста и здрава средина ставени во прашање

Мнозинството еколошки организации со остри реакции спрема ваквата одлука на Владата.

 Здружението „Еко-герила“ пред неколку дена оцени дека изјавата на Зоран Заев, дека „Југохром“ ќе започне со работа во полн капацитет по поставување филтри во месец март, е предизборна пропаганда.

– Тетово беше најзагадениот град во Европа. Со затворањето на ‘Југохром’ убедливо се докажа дека градот Тетово и неговата околина се 60% помалку загадени.

Политичката класа која го толерираше масовното труење на Тетово со години мора да ја носи најголемата одговорност во историјата, реагираат од „Еко герила“.

Како што е запознаен и самиот премиер, велат од таму, за еден толку голем индустриски капацитет , за да работи со полн капацитет, поставувањето на филтрите бара минимум две години.

Меморандумот ќе го потпишат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, управителот на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, Васко Скендеровски, и претседателот на синдикалната организација на Друштвото за производство, трговија и услуги Југохром Алзар ДООЕЛ Јегуновце, Бајрам Амити.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top