Каде Русија ги чува резервите на злато: Тон злато на површина од еден метар квадратен! (Фото)

Поврзани вести

Златото се складира во пломбирани решеткасти контејнери.

Новинарите Евгениј Бељаков и Владимир Велегурин се први претставници од руските печатени медиуми кои го посетле главниот трезор на Централната банка во Русија, во која се чуваат резервите на злато. Со дозвола на КП (комсомољска правда), Спутник ги објавува фотографиите кој ја откриваат тајната на тоа место.

Златото се складира во пломбирани решеткасти контејнери. Нивната количина остава силен впечаток, за разлика од надворешниот изглед.

Моментално количината на злато во девизни резерви во Централната банка на РФ изнесува повеќе од 1.842 тони. По тој показател, Русија зазема шесто место во светот. Во последните години руската Централната банка драстично ги зголемила залихитре на злато со што сега во тој удел изнесува 17 отсто.
Од што се состојат руските резерви?
Валута – 345,3 милијарди долари
Злто – 76,1 милијарди долари
Други вредности – 9,7 милијарди долари

Русија активно почнала да купува злато после 2014 година откако Западните земји и вовеле санкции. Од тогаш Централната банка во просек купува 100 тони годишно. Во 2016 и 2017 година рускиот регулатор купил повеќе од 200 тони злато.

Резервите на злато се “перница за безбедност” на земјата. Во случај на криза може да се продаде или да се искористи како влог.
Како се добива руско злато?
Во наоѓалишта на злато – 240 тони годишно
Рециклирање на отпад – 40 тони
Вадење од руда на обонеи метали – 20 тони годишно

Русија годишно произведува околу 300 тони злато. По тој показател таа заостанува позади Кина и Австралија. Спрема податоците од списанието “Злато и технологика” рудниците на злато се наоѓаат на Далечен исток, во областа Иркут и Краснојарската покраина.
Како се прават златните полуги?

На секоја полуга се става жиг преку кој може да се знае нејзиното потекло каде и кога е
произведена полугата, нејзината тежина, како и чистота на златото.

Полугите имаат чистота од 99,95 до 99,995. Тоа значи дека уделот на злато во полугата изнесува скоро 100 посто. Се останатото се примеси на железо, платина, родиум, паладиум, олово, средбро, бакар, никел и др. со што нивниот удел постојано се намлува.
Секоја полуга има потврда за квалитет.

Една полуга чини половина милион долари.

ѓНа прв поглед полугата не е голема, но е тешка 12 – 13 килограми.
Полугите внимателно се чуваат во контејнери (по 20 полуги во секој контејнер). Секој контејнер се пломбира.
Пазарната вредност на златото се менува. Сега една полуга чини 550.000 долари, а цел контејнер околу 10 милиони.

Вработените имаат тешка работа – да носат полуги тешки 13 килограми. Освен тоа, тие мора да почитуваат многу инструкции и да бидат внимателни: било какво оштетување на полугата е неприфатливо.

Масата за мерење на тежината е покриен со волнено платно, како билијарскиот стол. Тоа ги штити полугите од гребнатини и друг вид оштетување.
Во чии реце е светското злато?

Тешко е да се процени колку вкупно злато има во светот. Спрема некои неофицијални процени изнесува 190.000 тони. Повеќе од 50 отсто се наоѓа во приватна сопственост. Се работи пред се за накит. Исто така 33,3 илјада тони злато прават резервите на националните банки. Остатокот го користат големите компании и фондови за инвестициски цели, исто така се користи во стоматологија и економија.

Дали златото ќе поскапи?
Постои популарно мислење дека цената златото постојано расте. Многу стручни аналитичари ова го повторуват како мантра. Меѓуто не е вистина. Во одредени периоди цената на златото стагнира. Неможно е да се предвиде каков ќе биде трендот во наредните неколку години.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top