Карашов: Половина Штип викендот без вода, на новата власт поважни им се кадровските промени во „Исар“

Поврзани вести

Јавното претпријатие „Исар“ цел викенд не успеа да ги санира дефектите на водоводната линија со што без вода за пиење ги остави жителите на централното градско подрачје, Радански пат, како и улиците „Иво Лола Рибар“, „Сутјеска“, „Вера Циривири Трена“, „11 Октомври“, „Еврејска“, „Сењак“ и други места, вели Горан Карашов од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Штип.

-Не знаеме како СДСМ гледа на животот, но знаеме дека во 21 век цел викенд граѓаните останаа без основното средство за живот, водата. Очигледно дека на новата власт во нашиот град поважни им се кадровските промени во претпријатието, отколку давањето на квалитетни услуги на граѓаните. Лошото менаџирање на јавното претпријатие „Исар“ резултираше со испорака на неквалитетна и ненавремена услуга, со што без соодветно известување половина град беше без вода, нагласува Карашов.

Тој напоменува дека и денес повторно без вода за пиење останале граѓаните од централното градско подрачје.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top