Каталонците се изборија за правото на независна држава

Поврзани вести

Претседателот на регионалната влада на Каталонија, Карлес Пуџдемон изјави дека со спроведениот референдум за независност, Каталонците „се избориле за правото на независна држава“.

– Граѓани на Каталонија, ние се изборивме за правото да имаме независна држава, која ќе биде република, изјави Пуџдемон во обраќање пред своите приврзаници во Барселона.

Тој го поздрави одѕивот на милиони луѓе кои излегоа да гласаат на референдумот, иако тој беше суспендиран од шпанскиот Уставен суд.

Пуџдемон смета дека Европската унија повеќе не може да „ја врти главата од кршењето на човековите права и од конфликтот меѓу Каталонија и шпанската држава“.

– Ние сме европски граѓани и се соочуваме со загрозување на нашите права и слободи, изјави Пуџдемон, повикувајќи ја ЕУ да преземе итни акции.

Според Пуџдемон, резултатите од вчерашниот реферемндум за независност, кој шпанските власти го прогласија за нелегитимен, ќе бидат познати „за неколку дена“ и дека неговата Влада ќе ги достави до регионалниот Парламент, со што тој ќе може да го спроведе Законот за референдумот.

Со Законот се предвидува каталонскиот Парламент да може да прогласи еднострана независност, доколку на референдумот мнозинството од гласачите се изјаснат за отцепување на Каталонија од Шпанија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top