Кереместевски: Дали советниците на СДСМ се согласуваат со населување на мигранти во Штип?

Поврзани вести

Штипјани на референдум ќе одлучуваат дали сакаат во нивниот град да се населат мигранти или не. Тие ќе имаат можност преку гласање на истиот ден со одржувањето на првиот круг од локалните избори да гласаат и за акцискиот план предложен од Владата предводена од Зоран Заев.

Одлуката за одржување на референдум беше до донесена со 12 гласа ЗА, од советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, додека опозициската советничка група не присуствуваше на гласањето.

-Со цел да се избегнат финансиските трошоци кои дополнително би го оптовариле општинскиот буџет, советниците на ВМРО-ДПМНЕ одлучија референдумот да се спроведе на 15 октомври, на истиот датум со локалните избори, изјави Бојан Кереместевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Штип.

Кереместевски кажа дека советниците на СДСМ заборавајќи дека се избрани од народот, за да му служат на него, а не поради финансиски бенефеции, од засега непознати причини пред време ја напуштија седницата.

-Ова несомнено го отвара прашањето дали овие 10-тина луѓе избрани од народот, ја поддржуваат стратегијата за бегалци и нивно населување во Штип, праша Кереместевски.

Инаку во повеќе во Република Македонија, Советите на општините изгласаа одржување на референдуми по ова прашање, по барање на граѓаните. Досега поддршка за ова прашање да одлучуваат самите граѓани, кои секако би биле најзасегнати од евентуалното населување на мигранти дадоа само советниците на ВМРО-ДПМНЕ, додека оние на СДСМ со сите остро се спротиставуваа граѓаните да го кажат своето мислење, дали сакаат или не во Македонија да се населат мигранти.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top