Конститутивна седница на косовскиот Парламент

Поврзани вести

Новото косовско Собрание, избрано на предвремените избори на 11 јуни, денеска ќе ја одржи својата конститутивна седница, јави дописникот на МИА.

Со седницата, чиј почеток е закажан за во 10 часот, ќе претседаваат најстариот и најмладиот пратеник, меѓу 120 народни избраници, Адем Микуловци и Теута Ругова. На ќерката на првиот косовски претседател Ибрахим Ругова, честа да претседава и припаѓа по вторпат, бидејќи и во 2014 година таа беше најмлад пратеник.

По верификацијата на мандатите на пратениците и полагањето заклетва, Собранието ќе треба да избере свој претседател и петмина потпретседатели.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги повика пратенците да присуствуваат на седницата и да го „отворат патот за формирање на институците“. Тој побара да не се губи време, бидејќи, као што рече. „државата ја очекуваат големи предизвици во блеска иднина“.

– Мојата порака до сите пратеници е да учествуваат на седница и колку што е можно побрзо да се формираат институците во земјата. Пред нас е многу значајна агенда за земјата, порача Тачи.

Во новиот, шести по ред, косовски Парламент, изборната коалиција ПАН на Демократска партија на Косово (ПДК), Алијансата за иднината на Косово (ААК) и Иницијативата за Косово, има 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ – 32, коалицијата ЛАА составена од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за Ново Косово (АКР) и Алтернатива – 29 пратеници, а по десет загрантирани пратеници имаат претсавниците на косовските Срби и партиите на останатите малцински етнички заедници.

Единствен кандидат за претседател на косовскиот парламент е Кадри Весели, лидер на ПДК, како предлпг на ПАН. Оваа коалиција претходно соопшти дека обезбедила доволен број пратенички гласови за избор на претседател и нова влада.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top