Концерт на Лепа Брена на 29 јули на плажата Градиште 2 во Охрид

Поврзани вести

На 29 јули на плажата Градиште 2 во Охрид гостува една од најголемите фолк ѕвезди на просторите на поранешна Југославија – Лепа Брена. Билетите за спектакуларната журка се пуштени во претпродажба по цена од 600 денари, а на врата истите ќе бидат поскапи.

“Очекувајте многу добра забава, убави песни и одлична атмосфера. Она што јас лично можам да го ветам е дека сите после мојот концерт ќе заминат дома ведри и расположени”, вели Брена, која деновиве пред охридскиот концерт батериите ги полни на Јадранот, каде освен што ужива со семејството, богами и добро се забавува, а виртуелните пријатели ги “бомбардира” со фото-извештаи од своите водени лудории.

Но најде време да испрати куса видеопорака до своите македонски фанови, за уште еднаш да ги потсети на саботната дружба – Охрид, плажа Градиште 2.

“Драги мои се гледаме на 29 јули на големото Градиште, плажа во Охрид. Ве сака вашата Брена”, е пораката која најголемата фолк ѕвезда на просторите на екс Југославија им ја испрати на своите македонски фанови.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top