Косово го одложи влезот во УНЕСКО, на Македонија и олесна

Поврзани вести

Приштина го одложи поднесувањето на апликација за членство во Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), објави косовското Министерство за надворешни работи. Членството на Косово во регионалните и меѓународните организации, вклучувајќи ги ОН и нејзините агенции, останува главна цел на Косово, соопшти тамошното МНР. Одложувањето на членството на Косово во Интерпол и во УНЕСКО се базира на целосна и тесна координација со САД и земјите од петорката, се вели во соопштението. Косово додега е членка на околу 80 светски и регионални организации.

Српските власти не го признаваат Косово и повеќе пати ја предупредија Македонија да биде внимателна околу гласањето. Албанија, пак, изрази незадоволство од евентуалната воздржаност за прием на Косово во оваа организација. На последното гласање во 2015 година, Македонија гласаше „за“ прием, но тогаш на Косово му недостигаа три гласа. Со одложување на апликацијата, на Македонија и олесна меѓу другото и поради тоа што дел од коалицијата на власт го подржува Косово. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неколку пати најавуваше дека Македонија на следното гласање за членството на Косово во УНЕСКО ќе биде неутрална, објавија деновиве српски медиуми, пренесе порталот „Фактор“.

Во изјава за ТВ Прва, на прашањето за тоа како ќе гласа Македонија за време на следното изјаснување за приемот на Косово во УНЕСКО, македонскиот премиер кратко одговорил „неутрално“.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во август најави дека Србија би можела да го смени ставот околу името на Македонија, доколку македонската влада го смени ставот за воздржаност на гласањето за членство на Косово во УНЕСКО.

„Доколку Македонија навистина гласа за прием на Косово во УНЕСКО, иако е свесна колку тоа ги погаѓа Србија и српскиот народ, ќе му предложам на претседателот Вучиќ, во однос на името под кое ја признавме Македонија, исто како и тие за Косово и УНЕСКО, Србија да ја има предвид позицијата на Европската Унија“, рече тогаш Дачиќ во изјава за „Танјуг“.

Тој рече дека најавата од Скопје дека Македонија ќе го следи ставот на повеќето земји од „ ќе влијае на нашите добрососедски односи. Добрите односи се наша цел, но само врз основа на реципроцитет“, додаде тогаш Дачиќ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top