Лондон и ЕУ постигнаа договор за цената за Брегзит

Поврзани вести

Британските и европските преговарачи постигнале договор за тоа колку Велика Британија треба да плати на ЕУ за напуштање на Унијата, а износот ќе биде меѓу 45 и 55 илијарди евра, објави Би-Би-Си.

Два извора потврдиле дека двете страни се договориле околу цифрата кон крајот на минатата недела.

Колку Велика Британија треба да плати за напуштање на Унијата е едно од главните проблеми во преговорите за Брегзит меѓу двете страни. „Телеграф“ наведува дека конечната сума ќе биде меѓу 45 и 66 милијарди евра, во зависност од сметката што ќе биде дадена од секоја од страните врз основа на „заедничка применета методологија“.

Досега Британија нудеше околу 20 милијарди евра, додека ЕУ оценуваше дека сметката треба да биде меѓу 50 и 60 милијарди евра. ЕУ и британското Министерство за Брегзит не потврдија дека е постигнат догвоор.

Договорите меѓу двете страни почнаа во јуни, а според правилата на Унијата, треба да завршат до април 2019 година.

Брисел бара да се оствари „доволен напредок“ по три прашања: правата на Европејците кои живеат во Велика Британија после Брегзит, последиците од разделувањето на границата меѓу Ирска и Северна Ирска и порамнување на сметките со Лондон.

На Самитот на 14 и 15 декември, 27-те челници во Брисел ќе се изјаснат дали се согласуваат да почне втората фаза од преговорите, доколку е остварен доволен напредок по тие три прашања.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и британската премиерка Тереза Меј треба да се сретнат на 4 декември заради оценка на напредокот на преговорите.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top