Македонија и Русија повторно ќе ги одмерат силите

Поврзани вести

Младинската ракометна репрезентација на Македонија денеска против Русија ќе игра дуел за пласман од 5-8.место на Светското првенство што се одржува во Алжир. Ова ќе биде втор дуел на овие две селекции, откако во првото коло од групната фаза Македонија постигна победа од 29:22.

Но, денешниот натпревар ќе биде исклучително тежок бидејќи селекторот Илија Темелковски неможе да смета на тројца играчи кои се повредени: Горан Крстевски, Филип Арсеновски и Марко Нелоски.

Почетокот на дуелот е во 13:30 часот. Во вториот дуел за пласман од 5-8.место играат: Тунис – Унгарија. Во полуфиналето кое на програмата е вечерва ќе играат: Франција – Данска и Германија – Шпанија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top