Македонија игра за пласман од 9-16.место на ЕП јуниорки

Поврзани вести

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија (ракометарки до 19 години) по поразот синоќа од Норвешка натпреварите на Европското првенство што се одржува во Словенија го заврши на последното место во групата Б со три порази. Норвешка ја победи Македонија со 40:20, а во нашиот состав најефикасна беше Ива Божиновска со 6 голови.

Утре на шампионатот е слободен ден, а Македонија во рамките на групата И1 во борба за пласман од 9-16.место ќе разигрува со Шведска (1.август) и со Романија (2.август). Во групата И2 се наоѓаат селекциите: Шпанија, Словенија, Португалија и Србија.

Во борбата медалите се наоѓаат осум репрезентации поделени во две групи. Во групата М1 се: Унгарија, Русија, Холандија и Норвешка, а во групата М2 се: Данска, Франција, Германија и Црна Гора.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top