Македонските млади кошаркари со триумф го почнаа ЕП

Поврзани вести

Македонската репрезентација ја победи Албанија со 62:54 на стартот на Европското првенство за кошаркари до 20 години (дивизија Б) во Орадеа, Романија.

„Црвено-жолтите“ до триумфот стигнаа по дополнителни пет минути, бидејќи по основните 40 резултатот беше нерешен 50:50.

Македонија по првото полувреме имаше солидно водство со 31:21, но лошата трета четвртина го однесе натпреварот во продолжение. Во дополнителните пет минути нашите претставници беа подобри со 12:4 за прв триумф на првенството.

Дамјан Робев со дабл-дабл ефект од 25 поени и 10 скока беше најдобар во победничкиот состав

Денес од 15 часот и 15 минути Македонија во 2.коло игра против Грузија.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top