Макрон ќе предложи план за реформи на ЕУ

Поврзани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во обраќање на универзитетот Сорбона ќе предложи план за реформи на Европската унија, кои би требало да значат нова фаза во европските интеграции.

Како што соопшти Елисејската палата, Макрон ќе предложи план од 10 точки за реформи, меѓу кои и за засилување на економската и монетарната унија, за подобрување на европската одбрана, за мигрантската политика и за усогласување на социјалните и даночните политики меѓу членките на ЕУ.

Во соопштението се посочува и дека овие прашања ќе треба да се земат предвид и при разговорите за формирање на новата германска влада.

Промовирањето на предлозите за реформи на ЕУ од страна на Макрон доаѓа по неделните избори во Германија, на кои победи партијата на канцеларката Ангела Меркел, но сега и претстојат тешки преговори за обезбедување мнозинство за формирање нова коалициска влада.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top