Макрон со „доказ“ дека сириската влада го нападнала Дума со хемиско оружје

Поврзани вести

Францускиот претседател Емануел Макрон вели дека има “доказ” дека сириската влада го нападнала градот Дума со хемиско оружје минатиот викенд.

Тој рече дека ќе одлучи “во догледно време” дали да одговори со воздушни напади.

Примероците од урината и крвта од жртвите на нападот се позитивни за хлор и нервен агент, се наведува во извештаите на медиумите.

Се верува дека западните држави се подготвуваат за ракетни напади. Русија остро се противи на таквата акција.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повика на “какви било чекори што би можеле да доведат до ескалација на тензиите”.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средата рече дека ракети “доаѓаат”, сега твитна “никогаш не вели кога”.

Францускиот лидер Макрон претходно изјави дека какви било напади би биле насочени кон “хемиските способности” на сириската влада.

Тој не даде извор на неговите информации, но рече: “Имаме доказ дека минатата недела имало хемиско оружје, барем хлор, истото било користено од режимот на Башар ал Асад”.

Запрашан во телевизиско интервју дали Франција ќе се приклучи во нападите кон Сирија тој рече: “Ќе треба да донесеме одлуки во догледно време, кога ќе оцениме дека се најкорисни и најефикасни.“

“Режимите кои мислат дека можат да сторат сé што сакаат, вклучувајќи ги и најлошите работи што го кршат меѓународното право, не може да им се дозволи да дејствуваат!”.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top