Мерцедесот по закон можел да се набави без тендер

Поврзани вести

Министерството за внатрешни работи ваквите специфични набавки во моментов, исто како и во минатото можело да ги реализира без спроведување на јавна набавка.

Она што е најинтересно во случајот со купувањето на блиндираното возило Мерцедес, за кое СЈО тврди дека бил незаконски спроведен тендерот, е фактот дека Законот за јавни набавки дозволува тоа да се реализира без воопшто да биде распишан тендер.

Судскиот процес е на самиот почеток и останува јавноста да види, доколку се веродостојни креираните материјали, дали СДСМ, односно СЈО има каков било доказ дека во фаза кога Јанкуловска планирала набавката да не оди на тендер го прашувала Груевски каква марка на возило предлага да се набави. Од непознати причини, веројатно со цел да одбегне сомнеж, иако законот овозможува набавка без тендер, МВР одлучуваат и покрај тоа што нема таква обврска, да се објави тендер за набавката.

Како што беше кажано во јавноста, возилото се набавило со цел да служи примарно за превоз на високи странски гости, а тогашниот премиер Груевски планирал истото да го користи кога премиерскиот блиндиран Мерцедес стар околу 20 години бил на сервис, што често се случувало заради староста и високата амортизираност на блиндираното возило кое е 3 до 4 пати потешко во однос на исто такво неблиндирано.

Втора интересна работа во овој случај е што СЈО ги обвинува дека овозможиле на само една фирма да го набави возилото, при што пропуштиле да напоменат дека согласно антимонополските закони во Македонија, што е во склад со европското законодаство, непостои можност за ексклузивност на само една компанија да врши увоз на возила од било која марка.

Било која друга фирма увозник на возила, или било која фирма регистрирана за таа дејност може да набави исто такво возило од фабриката на Мерцедес, што во минатото се има и случувано и тоа со успех за фирмата која не е официјален застапник на Мерцедес во Македонија, затоа што понудила подобра цена за истото возило Мерцедес кое се барало од купувачот. Според тоа не може да се фаворизира ниту една домашна фирма како што стои во обвинението, доколку ниту една фирма нема ексклузивитет за набавка од производителот.

Случајот го води судијата Добрила Кацарска која во време на поранешниот мандат на СДСМ беше претседател на кривичниот суд. Втор судија е судијата Дарко Тодоровски за кој Груевски во време кога СЈО бараше притвор за него, побара негово изземање што беше прифатено од тогашниот претседател на судот. Засега Груевски го нема повторено барањето за негово изземање. Дарко Тодоровски е син на последниот секретар на парламентот во време на комунистичкиот режим и за него се водеше постапка за одговорност пред советот за факти.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top