Миланов: СЈО прави огромни пропусти со обвинителните акти со што судството и владеењето на правото се заробени

Поврзани вести

Како стручњак сум разочаран од она на кое ниво се составени и поднесени поголемиот дел од овие обвинителни акти на СЈО, затоа што навистина имаат огромни пропусти. Во процедурата, во основот, во можноста за покренување, во нарушување на правата и во текот на претходната постапка кој што продолжуваат и сега и во оваа фаза на испитување на обвинителните акти така што сметам дека треба навистина немаме прогрес во нашето правосудство, вели Еленко Миланов дел од тимот бранители на обвинетите од Специјалното јавно обвинителство во вчерашната емисија „Само вистина“ на телевизија Канал 5.

Миланов додаде дека прислушуваните разговори не можат да бидат доказ во предметите во СЈО, бидејќи тие разговори претставуваат индиција врз која СЈО може и треба да испитува. Доколку обезбеди правно релевантни докази кои можат да се употребат во судска постапка дека е сторено кривично дело тоа треба да го изнесе пред судот.

Истакна дека не може разговорите да бидат доказ бидејќи на тој начин никогаш не би престанало нелегалното прислушкувањето.

-Само тоа постоење на нелегални материјали, нелегално прислушкување може да биде доказ во предмет во однос на оној на кој што нелегално прислушкувал. Но, само како материјал и неговото постоење а не и неговата содржина. Затоа што апсолутно е небитна неговата содржината, дали содржи криминирани дејствија или содржи приватен разговор, тоа е нелегалено, рече Миланов.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top