Министерката Дескоска води кампања и ги заборави стручните соработници

Поврзани вести

Владата на СДСМ и министерката за образование Рената Дескоска и покрај најавени реформи во образованието , веќе неполни шест месеци   не можат целосно да го реазлизираат  полагањето на стручен испит на приправниците во основните и средните училишта  и наставниците и стручните соработници во јавните средни училишта .

На  19 април 2017 на  веб-страната на министерството за образование беше објавено известувањето  за полагање на стручен испит во пролетниот испитен рок. По известувањето објавено од страна на  МОН, од пријавените кандидати добивме информации дека биле повикани и во јуни 2017 го полагале психолошкиот дел од испитот.

Од министертсво за образование за полагање на практичниот/теоретскиот дел од стручниот испит се уште не ги повикале кандидатите за до крај да се заврши полагањето, а ниту е одржан подготвителниот час.

Дали постапката за полагање стручен испит  се одолговлекува намерно заради тоа што министерката  Дескоска е премногу зафатена со реализирање на предизборна кампања ?

Поголем дел од пријавените кандидати се здобиле со закани дека доколку СДСМ победи на локално ниво , истите ќе  се здобијат со отказ од работното место.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top