Министерот за внатрешни Оливер Спасовски во кампања од врата на врата!

Поврзани вести

СДСМ е далеку од спроведување на најавените реформи и посебно на процесот на одвојување на дражавата и институциите на системот од партијата! Најдобар доказ за тоа е прилогот на телевизијата 24 вести подготвен при посетата на општинскиот штаб на СДСМ во Кисела Вода и на кандидатот за градоначалник Филип Темелковски. При презентацијата на неговите проекти, во заднината има работна табла на која јасно се гледа агендата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и неговото учество во партиските работи на СДСМ во кампањата од врата на врата.

Дека тоа е вистина потврдуваат и фотографиите на Темелковски објавени на неговата фан-страна на Фејсбук.

Претходно, исти активности Спасовски имаше и во општината Бутел.

Дека Спасовски ја злоупотребува службената положба и овластувања на министер за внатрешни работи стана јасно уште кога беше поставен во министерската фотелја и притоа не ја напушти партиската функција на генерален секретар на СДСМ. Згора на се, токму тој самиот неодамна го промовираше Прирачникот за полициски службеници и Улогата на полицијата за време на избори, што очигледно не важи за него.

Спасовски има полна уста со заложби за фер избори, а во реалноста тој агитира од врата на врата и неговото министерство и партијата ја окупираат државата, што е спротивно на сите европски препораки и принципи.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top