Мицкоски: На слобода се стотици затвореници и осуденици за криминал кои оваа Влада ги амнестираше

Поврзани вести

Виновници за тројното убиство во Арачиново нема. Виновници за разнесувањето на џипот на полскиот контингент на НАТО во кумановско, нема. Виновници нема ниту за петкратното убиство кај Смилковско езеро, бидејќи осудените за масакрот во случајот „Монструм“ се на слобода, ова во својот најнов статус на Фејсбук го пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој во својот статус додава и дека: На слобода се и стотици затвореници и осуденици за криминал кои оваа Влада ги амнестираше.

-За оние од Диво Насеље се бара меѓународна арбитража. Владата и Зоран Заев амнестираат криминал и убиства, додека политичкиот терор расте.
Несигурноста се враќа по улиците. Правдата кога се заменува со политика, нема правда, но нема и мир. Кога толку многу криминалци се на слобода, а правдата недостижна тогаш е јасно дека најголемите криминалци се во владата. Постизборната платформа на албанските партии потпишана во Тирана, во која се вети слобода за сите овие случаи, како да ја пишувал некој нов Нострадамус упатен во сите овие судски процеси или судовиве сфатија колку многу е “визионерски” документот, па одлучија да го реализираат. завршува Мицкоски.

Виновници за тројното убиство во Арачиново нема. Виновници за разнесувањето на џипот на полскиот контингент на НАТО во…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Freitag, 13. April 2018

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top