Моќна порака на Груевски: Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја! (ВИДЕО)

Поврзани вести

Пред нас се локалните избори. Ова се исклучително важни избори за иднината на Македонија. Ние предупредувавме многупати досега за доста предизвици со кои може да се соочиме, но се уште има време за акција. Со пенкалото и гласачкото ливче се одлучува судбината на твоето место, на твојата општина и на твојата земја, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашната Конвенција „Нова Ера“.

-Еден ден многумина од вас ќе се прашуваат дали го направивте вистинскиот избор. Дали ги искористиле сите можности кои им беа дадени. Сите ние заедно имаме иста мисија. Низ вашите животи ќе се соочите со доста работи кои реално нема да ви изгледаат фер кон вас. Ќе сфатите дека некогаш ви се случуваат работи кои воопшто не сте ги заслужиле, и кои не секогаш ви се гарантирани. Но мора да ја навалите главата, да се фокусирате на проблемите, да земете длабоко воздух и да почнете и продолжите силно да се борите! Никогаш, никогаш не се откажувајте. Никогаш никогаш не се откажувајте од вашата верба и идеја затоа што таа е вистинската, таа е чиста и чесна. Никогаш не се предавајте, никогаш не се повлекувајте и никогаш, никогаш немојте да престанувате да го правите тоа што мислите дека е најправилно за вашата држава. Ништо за што е важно да се живее не може да дојде лесно. И колку поправедна е вашата битка, со колку поголема опозиција и противници ќе се соочите, во вашите срца ќе ги имате запечатено вредностите на посветеност, достоинство и жртва, вели Груевски.

Истиот потенцираше дека сега мора да истапиме сите заедно пред светот и да ги претвориме нашите надежи и соништа во работа. Македонија, колку и некој да сака да не е така, е земја на вистински верувачи.

-Затоа што уште од дамнешни времиња нашите луѓе на овие простори верувале, кога го пишувале Крушевскиот манифест, верувале, кога чекореле по шумите во светските војни верувале, кога ја прогласувале независноста, верувале. Ајде сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. За земја на совладани предизвици, на длабока верба, големи соништа и достоинствени почетоци. Идната генерација на  македонски граѓани никогаш не смее да се откажува. Ќе има времиња од нашите животи кога ќе сакаме да се откажеме, кога вие, нашиот народ и сите ние ќе си речеме попусти се нашите желби и соништа, залуден е нашиот труд. Но не… ова не се тие времиња….никогаш никогаш не се откажувајте, никогаш не се откажувајте од тоа во што верувате и од луѓето кои се со вас, истакна Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека треба да ја кренеме главата гордо и да веруваме во најдоброто од себе.

-Колку повеќе луѓе ќе ви велат дека нешто е невозможно, толку поодлучни треба да бидете да им докажете дека не се во право. Колку и да се обидува овој новосоздаден скршен систем да ти кажува дека не можеш, толку повеќе треба да туркаш напред. Денеска секој од вас, секој од нас, започнува ново поглавје. Нашите визија и сон тргнуваат од овде, од секој од вас. Од вашата упорност и посветеност заеднички да ја изградиме Македонија во подобро место за живеење, да создаваме дела и да помагаме. И нашиот успех зависи само од нас. Од нашата храброст и одлучност да го создадеме нашиот сон без разлика што разни циници или хипокрити ќе кажуваат. Имајте ја самодовербата да говорите гласно за вашите соништа и за нашата заедничка визија. Вечерва ниту еднаш не ги споменав нашите политички опоненти од една едноставна причина. Народот од нас очекува да решаваме проблеми, да создаваме дела  да шириме позитивна енергија, народот се потпира на нас, и нема простор за непотребна зајадливост, едноставно не ја заслужуваат нашите противници на овој значаен ден. Позитивна порака – Гордо одиме напред нека ечи од секој од нас. На нивната омраза ние ќе одговориме со добрина, на нивниот неуспех, ние одговараме со „Нова ера“, тоа е иднината на Македонија, и ќе победиме, бидете сигурни во тоа! Тоа е иднината на нашата зедничка Македонија, потенцираше Груевски.

Помрачината ќе започнеме да ја тргаме, а ќе ја тргнеме со предвремените избори и враќањето на чело на државата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, нагласи Груевски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top