НЕ БИЛ БЕЗДОМНИК: Кој е починатиот скопјанец пронајден утрово?

Поврзани вести

Починато лице е пронајдено утрово во 6 часот на клупа кај зелен пазар. Станува збор за 50 годишен маж од Скопје. Лицето го пријавиле  во полиција случајни минувачи. Според информациите до кои дојде Сител не се работи за бездомник а смртта најверојатно настанала поради предозираност од алкохол.

– По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција по што ќе се знаат причините поради кои настапила смртта кај лицето што е пронајдено  утрово на една од овие клупи.

50 годишниот скопјанец живеел сам, не бил оженет и поседувал имот во скопско село Вујковци. Најчесто се движел на локација Зелен пазар, каде е и пронајден утрово.  Според евиденцијата на МТСП  не бил  регистриран како социјален случај иако повремено доаѓал во Црвениот крст да побара помош во храна и облека.  Од хуманитарната организација апелираат да се работи интезивно со овие лица на кои им е потребна помош и ресоцијализација.

Откако е отворен пунктот на црвениот крст зимава, 40тина регистрирани бездомници од кои 11 жени редовно доаѓаат и ги користат услугите во објектот кај Момин поток.

Ова е прв ваков случај годинава лице да почине под вакви околности на улица, иако се работи за граѓанин кој не е бездомник. Од ресорното министерство велат  ниту оваа година ниту лани не е регистриран случај на смрт кај бездомник кој е во нивната евиденција.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top