Некогаш берела боровинки, а сега е најмоќна жена во светот!

Поврзани вести

Келиен Конвеј со доаѓањето на Доналд Трамп за претседател на САД, стана една од најмоќните жени. Трамп минатото лето ја повикал во тимот за изборна кампања, а таа многу брзо ги зела работите во свои раце, успешно придобивајќи ги американските жени и помагајќи му на Трамп да оствари триумф. Сега Трамп ја назначи за советничка и со тоа ја направи најважна соработничка во Белата куќа и највлијателна жена во светот, пишува германски Фокус.

super2

Келиен израснала во скромни услови. Таткото, по потекло Ирец, бил камионџија и го напуштил семејството кога таа имала две години. Мајката, американка со италијанско потекло, работела во коцкарница.

Како тинејџерка, Конвеј со години заработувала за џепарац берејќи боровинки, а како една од најбрзите берачки во 15 година е прогласена за „Принцеза на боровинките“ во Њу Џерси.

super3

Студирала право и политички науки во Вашингтон и на Оксфорд. Во 1995 година го основала институтот за истражување на јавното мислење „Полинг компани“. Во август 2016 година станува дел од тимот за Трамповата изборна кампања.

super4

Важи за ладна и непоколеблива личност.

-Се движам во машки свет. Но да не се лажеме. Преку ден и самата сум машко – изјавила таа.

Во меѓувреме и се закануваат со смрт и и праќаат писма со сомнителен бел прав. Американската тајна служба го ставила нејзиното семејство под заштита. Сопругот Џорџ е адвокат, кој во 1990 година го оркестрирал отстранувањето на Бил Клинтон во функција.

Трамп го запознала во 2001 година, кога со сопругот купила стан во Трамповата кула.

super5

Во односот кон напрасниот претседател и помага родителското искуство. Кон него се однесува како кон четригодишник, избегнува директна конфронтација, како не би добил напад на бес. Доколку и засметаат некои негови агресивни коментари на Твитер, дискретно го советува понекогаш да испрати и некоја позитивна порака.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top