Ова веќе не е ни смешно: Излудениот Драги Рашковски се скара дури и со Миле Паника, граѓаните ја исмеваат неговата нелогичност и неспособност

Поврзани вести

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, синоќа уште еднаш докажа дека неспособноста и самобендисаноста се одлика на Владата на Зоран Заев.

Рашковски го нападна популарниот лик Миле Паника кој на својот фејсбук профил се шегуваше со логиката на генералниот секретар на Владата, откако овој на трагикомичен начин се обиде на граѓаните „да им продаде“ приказна дека Укинувањето на радиодифузната такса фактички било покачување на просечната плата.

На ваквото неверојатно нелогично држење до став, му реплицираа голем број граѓани. Со иста не-логика му одговори и Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ, кој Рашковски го потсети дека по истата логика, ВМРО-ДПМНЕ ги зголемило пензиите на пензионерите за повеќе илјадници денари, ако за зголемување ги сметаме парите кои пензионерите не ги плаќаат за автобуски превоз, посета на бањи и лекови.

Ваквата логика на Рашковски предизвика остри реакции и на социјалната мрежа Твитер.

 

Сепак, најголемата трагикомедија се случи откако Рашковски, не можејќи да прифати критика за неговиот неразумен, нерационален, нелогичен и необјаснив став, се впушти во жолчна дебата и објаснување дури и со комичниот лик Миле Паника, кој логиката на Ракшовски ја објјасни на следниот начин:

На тоа, Ракшовски се најде повикан да одговори, па влезе во уште поголеми нелогичности.

Бламот на генералниот секретар на владата не заврши тука:

Граѓаните кои ја коментираа ваквата реакција на Рашковски порачуваа што побргу Македонија да се врати во нормала, односно подалеку од рацете на вакви луѓе кои не се одликуваат ниту со способност за работа, ниту за логика.

Рашковски е близок пријател на Зоран Заев, а јавноста пред да стане генерален секретар на Владата го памети по изјавата дека на народот му треба шамарање и добар ќотек.

Освен ваквиот обид за релативизација на неспособноста на владата на Заев, Рашковски досега како генерален секретар има успешни акции за чистење на подрумот на Владата и за цензурирање критички медиуми.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top