Патот на македонската економија во изминатите десет години

Поврзани вести

Во 2006 година македонската економија речиси го имаше допрено дното, Македонија беше држава со највисок процент на невработено население, бруто домашниот производ (БДП) не можеше да се одлепи од мртва точка, платите во Македонија беа на дното на листата од земјите во регионот, додека индустриското производство и извозот беа на критична точка.

Истата 2006 година во Република Македонија, по парламентарните избори, на кои ВМРО ДПМНЕ ја однесоа победата, се случи промена на власта и за прв пат во плурализмот се започна со нов вид на менаџирање со државата. Новиот мандатар, Никола Груевски, истапи со програма за преродба на Македонија до која се држеше чекор по чекор, проект по проект, тоа беше дотогаш невообичаен начин на работа во Македонија кој носеше резултати. Сите програми кои ги нудеше ВМРО ДПМНЕ од 2006 година па наваму најмногу се концентрираа на економската политика.

Интересно е тоа што по преземањето на власта и спроведувањето на конкретни политики во економијата, во 2008 година започна светската економска криза која започна да ги урива економиите на сите држави. Во таков момент Владата успеа да ја одржи економијата на солидно ниво додека земјите од регионот и од Европа беа во слободен пад.

Во 2006 година БДП достигна 5.1%, во 2007 се достигна рекордната бројка од 6.5% додека во 2008 почна светската економска криза и таа се одрази во 2009 година, но, за разлика од сите останати земји кои останаа на најниско ниво, во Македонија веќе наредната 2010 година бруто домашниот производ се искачи на 3.4%.

 

Во вториот квартал од 2017 година, по доаѓањето на СДСМ на власт, без никаква економска криза, со наследена одлична бизнис клима, бруто домашниот производ во Македонија падна на рекордно најниско ниво -1.8%.

Невработеноста во Република Македонија во 2006 година изнесуваше рекордни 36% што беше највисок процент на невработеност во светски рамки.

По спроведувањето на политиката на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, пред се, носењето на странски директни инвестиции кои отвораа нови работни места, и со голем број на проекти за самовработување, поддршка на иновации и мали бизниси, стапката на невработеност започна да опаѓа. Во 2017 година се достигна историски најниската стапка на невработеност во земјава која изнесуваше 22.6%

Благодарение е на поволната бизнис клима која беше создадена и т.н. роуд шоуа кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Македонија стана најпосакувана бизнис дестинација во светот и започнаа да се отвораат нови капацитети.

 

 

Истовремено, покрај создавањето на одлична бизнис клима, привлекувањето на странски инвестиции, креирањето на нови работни места, се одвиваше и процес на зголемување на просечната нето плата во Македонија и истата бележеше перманентн   зголемување во периодот од десет години.Важно е да се напомене извозот и неговото зголемување. Од 2006 година до 2017 година извозот на стоки од Република Македонија двојно се зголемил.

 

 

Ваквото енормно зголемување на извозот се должи на странските инвеститори кои извезуваа на европскиот пазар, што пак разултираше со дотогаш невидено ниво на работа на домашните компании кои работеа за странските инвестиции.

 

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top