Пентагон: Во Авганистан има 11.000 американски војници

Поврзани вести

САД располагаат со 11 илјади војници во Авганистан, соопшти Пентагон, откако претходно беше објавена бројка од околу 8.400 американски војници, согласно максимумот наложен од администрацијата на претходниот претседател Барак Обама.

– Тоа не е зголемување на војниците, туку обид да бидеме потранспарентни за вкупната бројност на американските сили во Авганистан, изјави портпаролката на американското Министерство за одбрана, Дејна Вајт.

Соопштението е дадено откако министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис изрази незадоволство од методот за пребројување на американските војници во конфликтни зони.

Зголемувањето е дел од новата стратегија на претседателот Доналд Трамп за зајакнување на военото присуство во Авганистан.

Се очекува испраќање на уште американски војници, но засега не е наведен нивниот точен број.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top