Перо Костадинов, Градоначалник на Валандово и Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ се повредените од синоќешната сообраќајка

Поврзани вести

Градоначникот на Валандово, Перо Костадинов, и пратеничката Мери Лазарова се повредени во сообраќајка која се случила синоќа на патот Демир Капија-Удово, објави „Фокус“.

Лазарова била пренесена веднаш потоа во Ургентниот Центар во Скопје, на клиниката за неврохирургија. Констатирани и се тешки телесни повреди, на главата и телото, но се наоѓа во добра состојба.

До сообраќајката несреќа дошло кога автомобилот „Опел Корса“ со кој управувала Лазарова, налетал на одрон и се превртел.

-Вечерва околу 18.30 часот на маг. пат Демир Капија–Неготино патничко моторно возило „Опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираат од МВР.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top