Пешачење за ефикасно топење калории

Поврзани вести

Брзината на модерното живеење и седењето во канцеларија се погубни за здравјето и физичката форма. Ако не се чувствувате дека сте доволно во форма за да почнете да се занимавате со некаква поенергична физичка активност, треба да се посветите на секојдневно пешачење од најмалку половина час.

Оваа физичка активност во времетраење од 30 минути, во удобна облека и обувки, треба да биде рутина за секој човек.

Дури и експерите велат дека секојдневното пешачење со брзо темпо е одлична физичка активност со која не само што ќе стопите калории, туку и ќе ги зацвртите мускулите на телото, особено на нозете.

Со редовно пешачење од половина час секој ден може да изгубите до еден килограм неделно, а со пешачење од еден час со брзина од околу 7,5 км/ч ќе изгубите и повеќе килограми.

Додека пешачите можете да ја правите и следнива вежба: Со долг исчекор напред може да ги зацврстите нозете и задникот. Повторете ја вежбата во серија од 15 до 20 пати со секоја нога.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top