Почнува судењето за случајот „Траекторија“ за непочитување на Законот за јавни набавки

Поврзани вести

Во Кривичниот суд денеска треба да почне судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство. Во овој предмет осомничени се четворица поранешни припадници во Владата кои во 2012 и 2013 година презеле дејствија за изградба на автопатот Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, непочитувајќи го Законот за јавни набавки и постапувајќи според правила на кинеската фирма и банка која ги дала парите за изградба на овие патишта.

Тие се осомничени дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци- Штип и Кичево- Охрид ги пречекориле своите овластувања, а со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра и на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Според ВМРО-ДПМНЕ, случајот „Траекторија“ е уште еден политички предмет на СДСМ преку нивната алатка СЈО.

„Целиот случај е базиран врз измислени работи, првата работа со која се обидува да се криеира случај е наводно предизвикување на материјална штета од 155 милиони евра, штета не постои а целта на ваквата комуникација е да се привлече вниманието на јавноста, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ откако СЈО информира дека отвора истрага поради злоупотреби и местење изведувач за изградба на два автопати во земјава.

„Се работи за капитален проект од кој имаат корист сите граѓани на Република Македонија, втората лага која е изнесена денес од страна на СЈО е дека не бил применет законот за јавни набавки. Во овој случај фактите велат дека Собранието уште во 2013-та година донесе закон за реализација на ифрастуктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци-Штип и патната делница Кичево-Штип врз основа законот на ратификација на договорот за економска и техничка соработка во областа на инфраструктурата, помеѓу владата на Македонија и владата на Кина. Овој закон за реализација на конкретниот проект како посебен ја исклучува примената на законот за јавни набавки и за овој закон би нагласиле дека расправаа и гласаа и пратениците на СДС и пратениците на ДУИ, рече Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека во третиот случај СЈО ги обвинува дека се разговарало само со една компанија и дека не била избрана најниската цена.

-Вистината е следна, склучени се меморандуми со две компании и тоа двете компании доставиле свои понуди и во 2013 е одбрана најниската понуда, би повториле дека се работи за политичка мотивација и истото ќе биде докажано во понатамошната постапка, вели Попоски.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top