Поднесена интерпелација за министерот Димитров: Граѓаните не сакаат десетици илјади мигранти на сметка на буџетот на државата

Поврзани вести

Денес би сакал да ве известам за иницијатива која што ја спремавме во текот на предходниве денови, а денес ја имаме подготвено. Тоа е иницијатива за интерпелација, гласање на недоверба на министерот за надворешни работи Никола Димитров, изјави Антонио Милошоски. Тој кажа дека има повеќе работи кои што се наведени во интерпелацијата, но ги наведе клучните три.

-Првата работа е брзоплетото, штетно потпишување на договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија. Избегувањето за него да се дискутира, лажењето дека се работи за нацрт текст кој што може да се подобри каде што би била вклучена и опозицијата, а потпишување на финален текст кој што не бил воопшто предмет ни на преговарање туку бил само прифаќањена бугарските позиции за што честитаме на бугарската Влада што се изборила за своите интереси, но не и на министерот за надворешни работи на Македонија кој што не ги застапувал македонските национални интереси и потпишал одредби кои што ќе бидат со спроведувањето за Република Македонија, изјави Милошоски.

Милошоски кажа дека втората работа е неименувањето и неупатувањето на ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Европската Унија во Брисел.

-Иако господинот Александар Николовски ги помина сите законски, уставни процедурални фази за негово именување и назначување за амбасадор, вклучително и добиени 28 агремани од 28 земји членки на Европската Унија, од Министерството за надворешни работи добивме само еден заклучок дека постапката се прекинува без да се биде повикано на ниеден член од Законот за надворешни работи или на ниту еден член од Уставот што е прекршено за оваа постапка да не биде испочитувана. Ако можеше ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ заради приоритетот за ЕУ и НАТО и обединувањето на позицијата и опозицијата да испрати пратеник од СДСМ, госсподинот Нано Ружин, како амбасадор во НАТО во Брисел и да добиеме и со тоа препорака за членство во НАТО која што ќе беше реализирана доколку не беше блокадата од Грција, тогаш зошто не би можела денешната Влада која што најавува инклузивност, и министерот за надворешни работи кој што најави дека сака опозицијата да ја вклучи во сите големи национални проекти посебно ЕУ и НАТО, незаконски да го попречи упатувањето на господинот Николовски за амбасадор на Република Македонија во Брисел и Европската Унија, изјави Милошоски.

Тој кажа дека третата работа која што исто така е наведена во барањето за гласање на недоверба на Никола Димитров е немањето на категоричен, одречен и јасен став по однос на притисокот кој што се врши врз Република Македонија да изгради прифатни центри и бегалски кампови за мигранти.

-Населението во Република Македонија не сака да има дополнителен буџетски и социјален товар и да има 10, 20, 50 или 80 илјади мигранти на својата територија чии што буџетски товар и финансии ќе бидат на сметка на тоа што треба да го паќаме како плати пензии, социјални осигурувања, детски градинки, спорт, образование и се друго што е од интерес на граѓаните на оваа држава. Немањето на категоричен став по ова прашање кога ова прашање е доминантно и во регионот и во Европската Унија од страна на Министерот за надворешни работи е во најмала рака недозволиво, а истовремено е немање и национален став кој што е во интерес на граѓаните на нашата држава, изјави Милошоски.

Тој кажа дека тоа се трите точки наведени во самата интерпелација која што денес ја доставуваат  и она што беше оневозможено од парламентарното мнозинство да се дискутира на една нормална отворена седница за договорот склучен помеѓу Македонија и Бугарија, сега по повод оваа интерпелација ќе имаат можност да го дискутираат истото.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top