Поднесена кривична за серијата „Македонија“, Обвинителството ќе постапува

Поврзани вести

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе постапува по кривичната пријава во врска со снимањето на играна серија „Македонија“. Осомничено лице од Агенцијата за филм го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000 денари.

– Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднело кривична пријава против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од чл. 353 став 5 в.в. став 1 од Кривичниот законик, соопштуваат од Обвинителството.

Лицето како раководен субјект на Агенцијата за филм, како што велат од Обвинителството, во периодот од октомври 2016 година до септември оваа година, искористувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на своето службено овластување го оштетило Буџетот на Република Македонија за износ од 68.000.000,оо денари.

– Имено, при постапката за финансирање на Проектот – играна серија „Македонија‘‘, осомниченото лице овозможило Друштвото за филмска и видео продукција „Јадран Филм“ ДООЕЛ Скопје да се стекне со противправна имотна корист во погоре наведениот износ, а на штета на Буџетот на Република Македонија, се наведува во соопштението.

За овој случај Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како што веќе беше објавено, по известување од Управата за финансиска полиција, минатиот месец отвори предистражна постапка, денешната кривична пријава е земена во работа и по неа се постапува.

Од Обвинителството велат дека за понатамошниот тек на истрагата јавноста континуирано ќе биде известувана.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top