Полицијата започна со апсење на новинари

Поврзани вести

Здружението на новинари на Македонија завчера испрати претставка до Одделот за внатрешна контрола при МВР за приведувањето на новинарите Махмути и Ука, кои минатата недела беа бесправно задржани неколку часа во полициската станица „Кисела вода“, поради наводно снимање на судскиот совет за време на изрекување на пресудата за случајот „Диво Насеље“ во Врховниот суд.

Во претставката ЗНМ бара објаснување од полицијата за причините и основот за шестчасовното задржување на новинарите.

Освен тоа, ЗНМ бара полицијата да спроведе истрага за овој случај и доколку се утврди пречекорување на овластувањата на полициските службеници да се покренат соодветни дисциплински мерки.

„Здружението очекува МВР брзо да ја разгледа претставката и да нè известат за резултатите од истрага. Претходно, ЗНМ јавно го осуди овој инцидент“, се вели во соопштението на ЗНМ

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top