Порталот ЕКИПА објави шокантна информација за ЖРК Вардар

Поврзани вести

Шокантна информација, како што дознава ЕКИПА, денеска добиле најдобрите ракометарки на ЖРК Вардар од раководството на клубот. „Вардарки“ се информирани од челниците веќе слободно да почнат да си бараат нови клупски средини за следната сезона.

Според информациите на спротскиот портал, овој состав на ЖРК Вардар ќе ја одработи актуелната сезона со желба и за стигнување до европската титула, а од следната тимот ќе се темели исклучиво на млади македонски ракометарки.

огласно најавите во јуни од Вардар заминуваат и Андреја Лекиќ, Драгана Цвијиќ и Јованка Радичевиќ, само како дополнение на веќе најавеното заминување на Французинката Александра Лакрабер која веќе потпиша од јуни со францускиот Флери.

Веќе е најавено заминување и на голманката Амандин Лејно која најверојатно кариерата ќе ја продолжи во унгарски Ѓер, а претходно за свое ракометно пензионирање информираше Андреа Пенезиќ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top