Противпожарна заштита – Уште еден проект кој го најавија Коце Трајановски и ВМРО ДПМНЕ

Поврзани вести

ВМРО -ДПМНЕ , и актуелниот градоначалник Коце Трајаноски, најавија уште еден проект кој е дел од ,,Новата ера’’ и е поврзан со Противпожарната заштита. Ваквиот проект е од големо значење бидејќи, е неопходен за граѓаните во сите општини во Град Скопје.

 

ПРОЕКТ: ОТВОРАЊЕ НА НОВИ ПРОТИВПОЖАРНИ СТАНИЦИ

Отворање на противпожарни станициво Бутел и во Кисела Вода со што ќе се зголеми ефикасноста на противпожарната бригада и ќе се скрати времето потребно за пристигнување на интервенција.

 

ПРОЕКТ: НАБАВКА НА НОВА ОПРЕМА И ВОЗИЛА

Планирано е во Градот Скопје да се спроведе набавка на нови специјални противпожарни возила, контејнер за симулации на пожари, нова автомеханичка противпожарна скала и нова опрема за спасување од рушевини. Сево ова ќе придонесе за подобрување на условите и зголемување на ефикасноста во Противпожарната бригада.

 

ПРОЕКТ: ПРОФЕСИОНАЛНА ОБУКА НА ПОЖАРНИКАРИ

Град Скопје ќе продолжи со обука на профил пожарникар, како и кадровско зајакнување и доекипирање на бригадата.

 

ПРОЕКТ: МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ПОЖАРНИКАРИ

Противпожарната бригада ќе оствари меѓународна размена на искуства и соработка со противпожарни бригади на збратимените градови.

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top