Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Поврзани вести

Каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон има рок до 10 часот денеска да одлучи дали ќе прогласи независност на шпанската автономна област.

Тој вчера на состанокот на својата партија истакна дека формално ќе прогласи независност доколку Шпанија денеска почне процедура за суспендирање на каталонската автономија, истакна неименуван извор од каталонската Влада.

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не.

Шпанскиот заменик-премиер Сораја Саенз де Сантамарија претходно изјави дека шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност.

– Доколку сепаратистичкиот лидер Карлос Пуџдемон не обезбеди задоволувачки одговор, тогаш тој ќе испровоцира активирање на членот 155 од Уставот, потенцира Сантамарија од парламентарната говорница.

Членот 155 од Уставот на Шпанија, и дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион, и да стави крај на системот на самоуправа.

И шпанскикот премиер Маријано Рахој апелираше Пуџдемон да „дејствува разумно“ бидејќи се приближува рокот за откажување од независност.

– Барам од Пуџдемон да дејствува разумно, на урамнотежен начин, да ги стави интересите на граѓаните во прв план, нагласи денеска Рахој во шпанскиот Парламент.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top