Радевски: СДСМ и Коцевски избркаа 15 лица кои беа работно ангажирани во Општина Велес

Поврзани вести

СДСМ и Аце Коцевски избркаа 15 лица кои беа работно ангажирани во Општина Велес. Наместо живот за сите како што ветуваа, 15 наши сограѓани добија отказ од работа, истакна на денешната прес-конференција Славче радевски од ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Тој вели дека власта во рацете на Аце Коцевски и СДСМ од денеска значи живот без основни средства за егзистенција за 15 велешки семејства.

-Во текот на вчерашниот ден градоначалникот Аце Коцевски не ги продолжил договорите на 15 наши сограѓани кои подолго време биле работно ангажирани во Општина Велес. Наместо на своите работни места во општината, на крајно суров и нечовечки начин, Коцевски ги испрати овие лица во Агенцијата за вработување за да се пријават како невработени. Нивниот единствен грев е тоа што не биле вработени во општината кога СДСМ биле на власт. Без никаква издржана причина и без никакво оправдано образложение, на луѓе кои подолго време стручно и совесно работеле во Општина Велес им е даден отказ од работа. Дел од нив работеле во области од голема важност за нашиот град како што се градежништвото, сообраќајот, културата, животната средина итн. Според нашите информации, отказ добиле и инженери и други стручни лица за кои во моментов општината нема соодветна стручна замена. На тој начин се загрозува квалитетот на општинските услуги спрема граѓаните, а истовремено и реализацијата на проектите кои ги започна општината предводена од ВМРО-ДПМНЕ а ги блокираше господинот Аце Коцевски – тоа се проектите за покривање на градски пазар, изградбата на кружниот тек кај Панини и пешачкиот мост кај Башино Село, истакнува Радевски.

Според него ова многу јасно покажува дека на Коцевски не му било грижа ниту за општината, ниту за услугите спрема граѓаните.

-Единственото нешто кое му било важно на господинот Аце Коцевски е што побрзо да им даде отказ на овие наши сограѓани и тоа само затоа што не биле членови на СДСМ. Господине Аце Коцевски, ова ли е животот кој вие и вашата партија СДСМ го ветувавте пред велешани? После само еден месец од владеењето на СДСМ во нашиот град станува јасно дека Аце Коцевски нема намера да работи во корист на граѓаните, туку човек кој ќе биде локалниот егзекутор на политиката на „јадење живи луѓе“ најавена од Зоран Заев, вели тој.

Со ова сурово и нечовечко однесување, пред очите на целата јавност, СДСМ покажа како навистина ќе изгледа животот кој го ветуваа. Тоа е сеење страв, омраза, пресметка и брутален реваншизам со секој еден човек кој не е СДСМ.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top