САД ги отфрлија руските тврдења дека индиректно ја поддржуваат ИД

Поврзани вести

САД ги отфрлаат обвинувањата на Русија дека Вашингтон индиректно ја поддржува групата Исламска држава (ИД) и дека рускиот генерал е убиен викендов во Сирија поради „дволичната политика на Американците“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент.

– Изјавите дека САД ја поддржуваат ИД или дека ги затвориле очите пред рускиот командант не се засноваат на факти, изјави официјалниот претставник на САД.

Тој додаде дека САД и меѓународната коалиција имаат една цел – да ја победат ИД.

Заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков вчера изјави дека убиството на рускиот генерал Валериј Асапов во терористички напад во сириската провинција Деир ез-Зур е резултат на „дволичната политика на САД“.

Според него, Русија уште еднаш се уверила дека американската држава, која истакнува дека има за цел само уништување на Исламската држава, го покажува спротивното, всушност дека некои политички и геополитички цели му се поважни за Вашингтон.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top