СДС ја укина наградата ,,23 Октомври’’ која беше доделувана на истакнати интелектуалци

Поврзани вести

По предлог на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, Владата донесе одлука за укинување на наградата „23 октомври“ која се доделуваше како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Македонија.

Државната награда „23 Октомври “ во изминативе години е доделена на повеќе од 30 историчари, актери, писатели , ликовни уметници , филозофи и фолклористи. Луѓе кои твореле во Македонија и кои дале посебен допринос во своите области.

Во 2007 година наградата им била доделена на:

– Танас Вражиновски – етнолог

– Тахир Зајази – педагог и методичар

– Гане Тодоровски – писател, универзитетски професор , учебникар, редактор амбасадор и член на МАНУ

Во 2008 година наградата била доделена на:

– Марко Китевски- фолклорист

– Зоран Тодоровски- историчар

– Ташко Георгиевски – писател

– Петар Темелковски- актер

– Милош Коџоман Втори- ликовен уметник

Во 2009 година наградата била доделена на:

– Михајло Георгиевски – филозоф

– Родољуб Анастасов- сликар

– КУД Танец- културно уметничко друштво

Во 2010 годниба оваа награда ја добиле:

– Живко Попов- академик, хирург-уролог

– Авзи Мустафа- професор и методичар

– Иван Чаповски- писател

Во 2011 година:

За остварување во областа на науката и образованието, наградата

му  се доделува на

-проф. д-р Томе Неновски, професор

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

-Паскал Гилевски, писател  и

-Коле Манев, ликовен уметник

Во 2012 година:

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

-проф. Владимир Георгиевски, ликовен уметник од Скопје

-Халил Зендели, писател од Скопје.

Во 2013 година:

Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– Ана Дурловски, оперски уметник

– Џабир Амети, писател

– Михаил Ренџов, писател

– Ставре Димитров-Стадим, ликовен уметник

Во 2014 година:

За остварување во областа на науката и образованието наградата и се доделува на:

– проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

-Милош Линдро , писател

-Доне Милјановски, ликовен уметник.

-Димитар Узунски, народен уметник, фолклорист и

-Македонска филхармонија.

Во 2015 година:

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– Стефан Хаџи Николов, ликовен уметник

– Фејзи Бојку, писател

– Костадин Костадиновски, музиколог, публицист, новинар и музички  критичар.

Во 2016 година:

За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

– проф. д-р Драган Даутовски, музички уметник

– Иван Петрушевски, актер

– Реџаи Исени, ликовен уметник

За остварување во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:

– проф. д-р Стефан Влахов, историчар и филозоф

– проф. д-р Агим Пољоска, албанолог

 

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top