СДС наместо да донесе живот „одзема животи“

Поврзани вести

СДС наместо живот за малку ќе донесеше смрт на прилепчанката која беше тешко повредена на 30.10.2017 во сообраќајка во Прилеп на улица “Киро Крстески – Платник”.

Шефицата на кабинет на новиот градоначалник на Прилеп, Моника Талеска со нерегистрирано возило ја удрила 51 годишната прилепчанка Билјана Јовановска. Зошто Талеска ја прегазила Јовановска и дали била под дејство на алкохол во вечерните часови , нема информација. Симптоматично е тоа што МВР не информираше за несреќата, а на прилепската полиција и требаа две недели за да склопи извештај од увидот. Симптоматично е и тоа што две недели нема никаква реакција од новиот градоначалник Илија Јовановски да излезе со осуда за скандалот и да и врачи отказ на Талеска.

Законите за СДС не важат , а партиската полиција предводена од потпретседателот Оливер Спасовски ги крие партиските членови кои убиваат и газат луѓе.

Башибозукот и понатаму трае, додека спроведувањето на законите за некого е мајка а за некого маќеа. За потсетување колата која се движела со голема брзина удрила во жена која со пријателката разговарале на тротоараот на улицата кај поликлиниката  „ Алтеа“  во Прилеп.

Моника Талеска го управувала возилото со непродолжена важност на сообраќајната дозвола.

Талеска беше и учесник на шарена револуција каде се бараше одговорност дури и од градоначалниците за секоја сообраќајна несреќа со обвинение дека требале да преземат повеќе мерки за подобрување на безбедноста на сообраќајот. Сега Талеска прегази постара госпоѓа и се сокри зад партиската полиција.

МВР сеуште молчи, а според информации од терен градоначалникот  и шефот на кабинет секојдневно одат во посета во болница со цел  да ја замолчат жената.

На својот фејсбук профил и Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ, со реакција за покривањето на случајот напиша:

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top