СДСМ не прифати зголемување на пензиите за 5%, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата

Поврзани вести

Пратениците на СДСМ на денешната седница не го прифатија предлог законот по скратена постапка кој што требаше да обезбеди зголемување на пензиите за 5%.

Со законот за зголемување на пензиите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ предложија зголемување на пензиите за 5%, односно побараа да се задржи континуитетот на зголемување на пензиите кои што пензионерите го добиваа секоја година предходно.

Пратениците на СДСМ гласајќи ПРОТИВ овој закон да се најде на дневен ред, го отфрлија ова зголемување што резултираше со напуштање на собраниската сала од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека со излегувањето на пратениците од салата мнозинството нема да може да обезбеди кворум за да го изгласа дневниот ред на денешната седница, што ќе претставува знак на револт за одбиениот закон од страна на парламентарното мнозинство.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top