СДСМ си ги згрижува на државен трошок „независните“ новинари (ФОТО)

Поврзани вести

Плукачката работа во Македонија во последно време е исплатливо нешто. Десетици “независни“ партиски новинари се вдовмија во државната и јавната администрација. Последниот пример ни доаѓа од Министерството за одбрана со кое раководи Радмила Шеќеринска. Имено во ова министерство како нововработена е поранешната “независна“ новинарка Соња Крамарска.

Крамарска е поранешен уредник во “Утрински весник“. Позната беше по нејзините колумни кои излегуваа редовно и чија цел беше постојаните критики спрема владата на ВМРО-ДПМНЕ. Како Крамарска е вдомена на на кој оглас во Министерството за одбрана никој не знае. Се знае дека министерството испрати допис дека Крамарска е вработена се со цел да се подобрела транспарентноста и отчетноста и дека за тоа да се направи е потребен кадар како Крамарска.

Но ова не е единствен случај на вработување на партиските новинари на СДСМ во државните институции. Листата е прилично долга. Според последните информации што излегоа во јавноста во државните институции циркулира бројката од речиси над 30-тина партиски новинари на СДСМ.

Роберт Поповски поранешниот новинар на Канал 5 е новиот министер за транспарентност и отчетност. Тој е човекот околу што се врти се. Овој поранешен претседател на ЗНМ и борец за новинарските права во Македонија се вдоми во владата на СДСМ. Неговата функција е досега непозната во Македонија. Се со цел пропагандата да помине онака како што треба измислија министер за отчетност а фактички добивме неформално министерство за пропаганда. Верувале или не Поповски под своја команда има 120 вработени ( барем така кажуваа последните бројки сега може и се повеќе ) кои вршат тешка пропаганда во корист на СДСМ.

Јасминка Аневска новинарката која се бореше против притисоците на новинарите и која стана позната по трескање на црвениот телефон, симбол против таквите притисоци е вработена како шеф на кабинет во ЕЛЕМ. Исто и за овој конкурс не се објави никаков оглас. Така да јавноста остана без одговори како оваа независна новинарка е вработена таму по каков критериум и по кој оглас. Инаку Аневска претходно беше поврзувана како портпарол со самото формирање на владата на СДСМ. Ова место му припадна на нејзинот колега Миле Бошњаковски.

Миле Бошњаковски уште еден од плејадата на партиски новинари на СДСМ и бранител на речиси сите политики на СДСМ.

Јована Аврамовска една од најпознатите комедијанти, новинарка и кој знае уште што, е вработена во министерството за финансии. Сеуште докрај не е разјаснето што работи Аврамчевска. Прво беше примена како односи со јавност, па после се дозна дека работи во некој оддел за финансии. Исто како и сите вработувања на СДСМ така и овој не се знае како и по кој критериум е влезена Аврамчевска. Единственото објаснување е дека таа е вработена по основ дискреционо право на министерот.

Тони Ангеловски е поранешен новинар и водител на дебатни емисии во Телевизија 24. Овој “независен“ новинар беше назначен за портпарол на МВР уште во време на пржинскиот договор кога за министер стана Оливер Спасовски. Ангеловски уште додека беше во ТВ24 познат беше по тоа што во неговите емисии најчесто ги форсираше и промовираше политиките на СДСМ а беше доста критичен спрема владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Лидија Јанчовска –  Христова, е поранешна новинарка од Канал 5 телевизија. Таа е портпарол и на Шеќеринска. Јанчовска е позната уште како сопруга на водителот на Емисијата Топ Тема, Боби Христов  што се прикажува на Телма.

Зоран Бојаровски е вработен во кабинетот на министертот за отчетност и транспарентност Роберт Поповски. Бојаровски е дел од армијата на 120 лица вработени за вршење на пропаганда во корист на Владата. Инаку Бојаровски беше жесток критичар на ВМРО-ДПМНЕ а и подржувач на шарената револуција.

Драган Антоновски е поранешен новинар од повеќе телевизии а сега е директор на Македонската информативна агенција-МИА. Инаку Антоновски беше редовен критичар за состојбите во новинарството во време кога беше ВМРО-ДПМНЕ на власт. Сега никаде го нема во време кога СДСМ свесно го уништува и тоа малку критично новинарство што остана.

Петрит Сарачини е дел од кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Овој “независен“ новинар беше предводник на десетици граѓански движења против ВМРО-ДПМНЕ како и на шарената револуција. Инаку Сарачини кога има потреба е дел од од невладината Цивил како и од МИМ институтот.

Мухамед Зекири е поранешен новинар на телевизија Алсат а сегашен висок функционер на СДСМ. “Независниот Зекири во тоа време како што се декларираше во јавноста беше познат по тоа што ги реализираше сите интервјуа на Заев во кои тој промовираше подготвеност за секакви отстапки. Ова последново се покажа како точно.

Под притисок на јавноста зад масовите вработувања кои имаат за една цел а тоа е да вршат пропаганда во корист на јавноста реагираше Зоран Заев. Тој на 27 ноември изјави дека не се ангажирани 120 туку 39 нововработени по институциите и дека нивниот број ќе се намалува.

– “Веројатно и од 39-те што се ангажирани, ќе останат многу помалку, поради тоа што ова е и ресурсен центар и за самите министри, заменици-министри, директори на јавните институции. Јас сум убеден дека навистина водиме сметка за домаќинско работење. Гледаме со минимум ресурси да го испорачаме пред граѓаните сето она што треба.“ изјави Заев уште Ноември

Ова е уште една лага од Заев. Не само што нивниот број не се намалува туку тој напротив се зголемува. Неофицијалните информации говорат дека ниту еден од луѓето кои се ангажирани не се отпуштени и дека приказните за домажинско работење на владата се само за лажење на јавноста. Новите огласи во речиси секој сектор на државната и јавната администрација го покажуваат сосема спротивното. Колку и да сака Заев да ја лаже македонската јавност дека домаќински се однесува сепак тоа воопшто не се гледа па така сме сведоци на речиси над 650 огласи за вработување на партиски кадри од нова година па навака.

Од друга страна ангажирањето на партиските новинари покажува за што фактички била нивната борба. Сепак жебата да се вдомат во државата и јавната администрација била нивна примарна борба. Департизацијата и професионализацијата на институциите што толку ги најавуваа се покажа дека е само една опасна демагогија. Дополнителен проблем е што СДСМ го клека на колена граѓанскиот сектор. СДСМ ги вработи речиси сите нивни таканаречени граѓански активисти. Дел од тие “граѓански активисти се : Бојан Маричиќ од невладината за европско образование кој е сопруг на поранешната пратеничка Маринела Тушева. Дане Талески е дел од институтот Прогрес. Марјан Забрчанец е дел од МОФ. Сите овие луѓе се вработени како „високи советници“ на премиерот Заев.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

[fbcomments]
Back To Top