Се реконструира Домот на културата во Демир Капија

Поврзани вести

Се реконструира и надградува Домот на културата „Мирка Гинова” во Демир Капија. Со проектот ќе се добие нов простор со површина од 680 квадратни метри.

– Вредноста на инвестицијата е 23.616.101 денар. Станува збор за грант средства обезбедени од проектот за подобрување на општинските услуги од компонентата инвестициски грантови од ИПА, финансирани од Европската Унија. Но дел од средствата се обезбедени и од буџетот на општина Демир Капија, соопшти општинската служба за информирање.

Објектот се наоѓа во центарот на Демир Капија. Изграден е во 1950 година и реконструиран во 1986 година. Триесет години не е извршена никаква санација и адаптација, а беше дотраен и несоодветен за користење.

Од Општината наведуваат дека целта на овој проект е да се надгради постојниот објект и да се подобрат условите за работа и условите за давање административни услуги. Со реконструкцијата, објектот ќе биде поделен на две независни функционални целини – едната ќе биде наменета за потребите на Домот на културата, а другата за потребите на Општина Демир Капија.

Службата за информирање посочува дека Општина Демир Капија нема сопствени простории, туку користи простории под закуп, за што издвојува значителни финансиски средства од својот буџет. Просториите во кои сега е сместена Општината не ги задоволуваат потребите за соодветно извршување на надлежностите, просторната организација е нефункционална и генерира проблеми во секојдневното користење.

– Со реализација на проектот за реконструкција и надградба, Општина Демир Капија директно ќе придонесе за остварување на стратешките приоритети, особено во стратешката цел „Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните”, соопшти општинската служба за информирање.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top