Шефот на БАНИ – Григор Велев тврди дека во Македонија има над 1 милион бугари

Поврзани вести

Благодарение на договорот кој Заев го склучи со Бугарија, бугарските историчари, научници и политичари започнаа да лицитираат со бројки на наводно бугарско малцинство во Македонија.

„Го пишувам ова дело затоа што 7,500.000 Бугари, 1,100.000 вардарски Бугари и 250 илјади егејски Бугари имаат заеднички генетски код и затоа што силата и духот на нацијата се во криза а политичката елита е безродна и туѓа на националните идеали и кауза”, вели бугарскиот академик и шеф на БАН.

Во пресрет на почетокот на функционирањето на мешовитата бугарско – македонска комисија за историските спорни прашања, претседателот на Бугарската академија на науките и практиките (БАНИ) Велев кој што ќе има директна улога во формирањето на комисијата која што ќе треба да ги надмине историските спорови меѓу Македонија и Бугарија смета дека повеќе од 2 милиони и 500 илјади Бугари во денешна Бугарија имаат крвна врска со граѓаните на Вардарска и Егејска Македонија.

Шефот на БАНИ Григор Велев промовира нова книга од својата 10 – томна „Историја на Бугарите во Македонија.

Григор Велев вели дека се зафатил со ова „маестрално“ дело затоа што „Македонија била и сеуште е неразделен дел од бугарската историска судбина.

Според официјалната бугарска историографија не постои посебна Македонска нација а Македонците се измислица на Сталин и коминтерната по втората светска војна. Според бугарските тези Бугарија може да признае посебност на Македонците само по 1946 година а предходно целата историја се смета за заедничка односно Бугарска.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top