Шојбле. ЕУ треба да заземе поактивна улога на меѓународната сцена

Поврзани вести

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, изјави дека Европската Унија треба да заземе поактивна улога на меѓународната сцена.

Според него, одоговорот на различните проблеми – од безбедноста до климатските промени, е е во тоа земјите членки да бидат обединети и да престанат да се потпираат на САД.

Ветеранот во Владата на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека Европа чекаше премногу долго време САД да дејствуваат место неа и и да го компенизираат дефицитот во политиката на ЕУ.

„Крајно време е повеќе да размислиме за меѓународната улога на Европа, освен за се она што се работи внатре во ЕУ“, напиша Шојбле во статијата за „Функе“, што е објавена денеска, на првиот ден од Минхенската конференција за безбедност.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top