Земјотрес со интензитет од 8 степени по Рихтеровата скала го погоди северниот дел од Перу.

Првично беше соопштено за потрес од 7,5 по Рихтер, но подоцна беа корегирани податоците. Епицентарот на земјотресот бил на 180 км источно од градот Мојобамба на длабочина од 105 км.