Со новото сценарио за гасификација запечатена e судбината на ТЕЦ Неготино

Поврзани вести

По стопирањето на проектот за гасификација на Македонија, проект  за кој се зафати владата на ВМРО-ДМПНЕ предводена од премиерот Никола Груевски, Термоелектроцентрала Неготино ќе продолжи да служи како „ладна резерва“ во рамките на електроенергетскиот систем на Македонија.

Новата стратегија на Владата на СДСМ, по примерот на Струмица, претставува концепт на изградба на станици за компресирање на течниот гас, што ќе доаѓа од Бугарија во цистерни, а потоа и негов пренос на „тркала“ низ територијата на Македонија.

Добивањето на електричната енергија во термоцентралите, пак, претставува процес на претворање на енергијата од согорувањето на фосилните горива во електрична енергија. ТЕЦ Неготино работи на мазут, што претставува скап инпут на производство во термоенергетската област. Моменталната цена на мазутот е 25,866 денари по килограм, a при ваква скапа цена на ова гориво, централата ќе работи само во исклучителни ситуации.

Но, доколку ТЕЦ Неготино во производството, наместо мазут, како инпут го користи природниот течен гас кој е многу поевтин, тогаш крајниот аутпут, односно електричната енергија добиена од овој процес ќе биде далеку поевтина и поконкурентна на пазарот. Тоа ќе значи пуштање на погоните на оваа термоелектрана во полн капацитет, наместо чување како „ладна резерва“, за чие одржување плаќаат граѓаните.

Како преориентирањето од цевководен пренос, кон друмски пренос на гас ќе стави печат на судбината на ТЕЦ Неготино!?

Доколку владата на Зоран Заев не го стопираше проектот за гасифицирање на Македонија, капитален проект кој доби зелено светло од Европската унија која учествуваше со грант од 35% од вкупната вредност, по неговото завршување Македонија, преку територијата на Грција, ќе имаше пристап до меѓународен интерконектор од кој што нашата држава ќе можеше да има пристап до гасоводите од соседството, кои под дејство на конкуренцијата, нудат за 80% поевтин гас од оној на Бугарија. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ беше предвидена и гасификација на оваа термоелектрана. Овој евтин гас за ТЕЦ Неготино ќе значеше значително помали трошоци за производство, со што оваа фирма ќе можеше да произведува електрична енергија по конкурентни цени. Пуштањето на погоните од оваа фабрика во постојана употреба и во полн капацитет, ќе значи нови вработувања и намалување на државните трошоци за одржување. Дополнително, зголемената конкуренција во енергетската област ќе придонесеше за намалување на цената на струјата. Ако се земе во предвид фактот дека во овој момент фирмите на Анѓушев поседуваат 90% од пазарот на електрична енергија, повеќе од јасно е зошто овој проект пропадна.

Гасификацијата на ТЕЦ-Неготино ќе влијаеше и врз земјоделското производство

ВМРО-ДПМНЕ имаше стратегија за трансформирање на оваа термоцентрала од застарената и скапа технологија на мазут, во нова, модерна и еколошки поприфатлива централа на природен гас. Притоа тоа да биде комбинирана електрана, која покрај електрична енергија ќе произведува и топлина за загревање на систем од оранжерии, што би биле изградени во близина на електраната. Тоа ќе значеше инсталација на цевководи за одржување на топлина во оранжерии со вкупна површина од околу 400 хектари. Дополнително, јаглеродниот диоксид, што произлегува од производниот процес, можеше да се искористи како храна за растенијата. Со ваквиот систем на затоплување, Македонија значително ќе го зголемеше и земјоделското производство, особено во зимските денови, ќе го снабдеше македонскиот пазар, а вишокот ќе можеше да го извезува во соседните земји. Тоа ќе доведеше до подобрување на тековната сметка во билансот на плаќања и зголемување на девизните резерви на државата.

Стопирањето на гасификацијата дефинитивно ја запечатува судбината на ТЕЦ Неготино, и оваа електрана ќе продолжи да служи како „ладна резерва“ за чие одржување ќе продолжат да плаќаат граѓаните.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top