Ставот на ЕК дека Каталонија и Косово не се споредуваат ја мобилизира Србија: Вучиќ свика итен состанок, Брнабиќ заминува за Брисел

Поврзани вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ свика итен состанок по соопштението на Европската комисија, во кое се наведува дека каталонскиот референдум е нелегален, но дека случаите на Каталонија и Косово не може да се споредат. На консултации кај Вучиќ пристигнале премиерката Ана Брнабиќ, членови на владата и директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија. На консултациите се повикани и претставници на разузнавачката и на безбедносните агенции, пренесуваат српските медиуми. По состанокот кај Вуќиќ, претседателката на српската влада Ана Брнабиќ соопшто дека ќе се обрати до ЕК со писмо во кое ќе бара одговор на низа прашања, меѓу кои и дали за ЕУ важи едно меѓународно право или постои некое друго меѓународно право кое важи за сите држави кои не се членки на ЕУ.

-Реално, многу не изненади ставот на ЕК. Сакавме да видиме како да реагираме и што се треба да ја прашаме комисијата. Таа изјави дека писмото ќе им биде проследено на сите држави кои не го признале косово и ќе им биде упатена благодарност што биле во право ког а го бранеле меѓународното право. Европската комисија го прогласи референдумот за независност на Каталонија за неуставен и тврди дека случајот со оваа шпанска покраина и случајот со Косово и Метохија не може да се споредат. Во соопштението е наведено дека тоа е така затоа што Шпанија е членка на Европската Унија, а Србија не е.

„Кога е во прашање признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена врз основа на разни декларации и резолуции на Обединетите нации, но и на меѓународната заедница. Многу специфичен контекст, со специфични причини“, изјавил портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, но не објаснил за кои декларации и резолуции станува збор, ниту на што се однесува специфичноста што ја споменал. Вучиќ по ваквата изјава прашува како може во случајот на Каталонија да не важи референдумот за независност, а во случајот на Косово отцепувањето да е можно и без референдум.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top