Струмица ќе добие велосипетска патека по европски стандарди

Поврзани вести

Денеска УМС Струмица со делење на флаери во центарот на градот промовираше уште еден од проектите од Програмата Нова ера за Струмица.

„Денеска на градскиот плоштад во Струмица ги запознавме младите луѓе кои поминуваат со програмата на кандидатот за градоначалник, господинот Марјан Бајрактаров и проекти за којшто ВМРО-ДПМНЕ и КОАЛИЦИЈАТА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА ги нудат за младите луѓе во Струмица. Особено внимание и посебен интерес предизвикува проектот за велосипедската патека. Ме радува тоа што бројот за велосипедисти во градот од месец на месец, од година на година се повеќе расте, но за жал Струмица нема велосипедска инфраструктура. Имаме една импровизирана  велосипедска патека која не ги задоволува европските стандарди. Затоа програмата на кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ господинот Марјан Бајрактаров предвидува велосипедска патека со специјална подлога која покрај градското подрачје ќе го опфаќа и потегот од Струмица преку Банско до Куклиш, некаде од 10-15 километри“ – изјави Владимир Ристов.

#Коментари

Останати вести од оваа рубрика:

Коментари

коментари

Back To Top